Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Сите политичари ќе се вакцинираат кога ќе им дојде редот

Пендаровски: Сите политичари ќе се вакцинираат кога ќе им дојде редот
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски рече дека сите политичари ќе се пријават на сајтот на Министерството за здравство и ќе се вакцинираат кога ќе им дојде редот.

Пендаровски соопшти дека одлуката е донесена со цел да нема злоупотреби на позициите и вакцинирање преку ред.

„На состанокот се договоривме од утре, сите ние – претседател, премиер, министри и други државни функционери, да се пријавиме на сајтот на Министерството за здравство како секој друг граѓанин и кога ќе ни дојде редот, според предвидените категории, тогаш сите ние ќе се вакцинираме. Значи, сосема небитно на која функција сме. Ние сме, така треба да биде за многу други работи не само за ова, исти со сите други граѓани кои живеат во оваа земја“, рече Пендаровски.

Претходно неделава медиуми од Албанија пишуваа дека неколку македонски функционери преку ред се вакцинирале против коронавирус. Ваквите написи беа демантирани од страна на Владата.

Можете да прочитате

На Клинички почина затвореник од Идризово

Маж испукал неколку куршуми во толпа луѓе, па потоа и избегал на полицијата

Прегазен пешак пред мостот Гоце Делчев