Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се сретна со делегации на уставните судови на Македонија и Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегации на Уставниот суд на Македонија и на Уставниот суд на Бугарија.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу уставните судови на двете држави, при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за нивните иницијативи и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двата суда, потпишан на македонски, на бугарски и на англиски јазик.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека работата на уставното судство е клучно во изградбата на функционална правна држава и заштита на човековите права. На средбата се разговараше и за можноста за воведување на уставна тужба во двете држави.

Претседателот Пендаровски истакна дека Бугарија, како држава членка на ЕУ, има искуство во функционирање во сложен правен поредок и оттаму нивното искуство во соработката со Судот на правдата на ЕУ ќе биде од голема корист за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Фатен на дело дилер на дрога – ја продавал на три лица во Охрид

Патничко возило со американски ознаки излетало од патот кај Кичево – едно лице тешко повредено

СДСМ: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?