Утрински Весник
Македонија

Пендаровски прими делегација од турскиот Државен универзитет – „18 Март“

Македонскиот претседател – Стево Пендаровски, прими делегација од Државниот универзитет „18 Март“, во Чанаккале, Турција, предводена од ректорот Седат Мурат.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за соработката која Универзитетот во Чанаккале ја остварува со институциите во Северна Македонија, како и за идеите и можностите за размена на искуства во контекст на образовните политики, проширување на соработката во полето на културата, младите и спортот преку заеднички активности и проекти.

Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија има воспоставено одлична соработка со Република Турција во областа на образованието и културата, и изрази поддршка на сите позитивни иницијативи кои придонесуваат за продлабочување и зацврстување на билатералните односи и пријателските врски меѓу двата народа.

Можете да прочитате

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката