Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски поддржува напаѓачите на новинари да се гонат по службена должност

Пендаровски поддржува напаѓачите на новинари да се гонат по службена должност
300x250 opst2

Претседателот Пендаровски дава поддршка за измени во Кривичниот законик со кои ќе се овозможи нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност. Ова го истакна тој на средбата во Вила Водно со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

На средбата се разговараше за состојбата со медиумските слободи во Северна Македонија, синдикалното организирање, како и условите во кои работат новинарите и медиумските работници.

Претставниците на ССНМ го информираа претседателот Пендаровски за иницијативата на која работат заедно со останатите релевантни медиумски организации за измена на одредбите во Кривичниот законик, со цел нападите врз новинари и медиумски работници да бидат истражувани по службена должност.

Беше дискутирано за прашањата кои е потребно да се уредат во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, како и за овозможувањето на соодветни услови за новинарите слободно да ја вршат својата работа, со оглед на тоа дека медиумските слободи се уште остануваат предизвик за кој е потребен ангажман на сите засегнати страни со цел изнаоѓање на долгорочни решенија.

Исто така, на средбата се разговараше и за работата на новинарите и медиумските работници во услови на КОВИД-19, при што беше истакната важноста на медиумите за известување во време на пандемии и непогоди. Дополнително беше нагласено дека сите институции, организации и компании кои ги канат медиумите на своите настани е потребно да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од КОВИД-19 и да се обезбедат соодветни услови за медиумите да ја извршуваат својата работа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ужас Во Пехчево: Силувана малолетничка со здравствени проблеми

Мицкоски вели дека Кузмановски имал човечки момент на слабост