Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Одлука за прогласување вонредна состојба ако партиите се договорат за изборите

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
Dik 300x250 mk

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – По повикот на лидерот на на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се прогласи нова вонредна состојба на територијата на целата држава, од кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски одговорија дека тоа е можно само ако има договор меѓу партиите за датумот за избори.

-Ставот на претседателот Стево Пендаровски и е познат на јавноста. Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување, велат од кабинетот за МИА.
Мицкоски на деншната прес-конференција го повика претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и услови за фер и демократски инклузивни избори, а тоа е распоредување на набљудувачкаа мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
-Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори, рече Мицкоски, според кого, првата возможна дата е средината на месец јули.
Синоќа на полноќ заврши вонредната состојба, а откако лидерите на двете најголеми партии во државата владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски завчера во Вила Водно не постигнаа договор за датумот за изборите, продолжуваат да течат изборните дејствија за избори на 5 јули. Кампањата, пак, ќе започне на 16 јуни. вг/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош