Утрински Весник
Македонија

Пендаровски оддаде почит на десеттемина бранители загинати кај Карпалак

Пендаровски оддаде почит на десеттемина бранители загинати кај Карпалак
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Прилеп присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак.

Пендаровски положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на градот и оддаде почит на загинатите бранители Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски.

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе и пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, каде што на 8 август 2001 година животот го загубија десеттемина армиски резервисти од Прилеп.

Можете да прочитате

Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд

Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47 литри дожд

ВРЕМЕ Е ДА ЗАВРШАТ ФЛОСКУЛИ КАКО ШТО СЕ “ИЛИ СИ ИЛИ НЕ СИ СДСМ“ ОТИ ТАА ПАРТИЈА МОРА ДА СЕ ПОСТАВИ МНОГУ ПОСЕРИОЗНО ОД ТОА