Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

Пендаровски: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик, заклучи претседателот, Стево Пендаровски, во обраќањето на промоцијата на поштенска марка по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, а во рамки на програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“.

Во обраќањето, Пендаровски рече дека и после децении од кодифицирањето на македонскиот јазик и неговото верифицирање од страна на светската лингвистичка наука, сведоци сме на негации и притисоци. Сепак, како што додаде, радува фактот што барем внатрешно немаме никакви колебања и што обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик.

„Негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академик Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации. Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Република Северна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти- македонисти кои го проучувале и изучувале. Кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски“, порача Пендаровски.

Како што додаде, јазикот е долг кон науката, кон вистината и правдата. Затоа во годината на Конески, но и во секоја следна, како општество, но и како поединци – обични граѓани или претставници на институции, треба да работиме сплотено и одговорно во афирмацијата и промоцијата на неговото дело.

Можете да прочитате

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома