Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот Стево Пендаровски во честитка по повод  одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

Тој наведува дека во 21 век секој обид за негирање на јазикот и културата не може да наиде на плодна почва и ќе биде осуден на неуспех.

„ На 22 ноември пред 112 години видните албански интелектуалци од целиот Балкан се собраа во Битола за да ја унифицираат албанската азбука. Токму овој чин е основа за кодифицирање на албанскиот литературен јазик и меѓник за развојот на албанската култура и духовност, и столб на национална себеидентификација. Горди сме што Денот на албанската азбука веќе 14 години е државен празник со кој се гордеат не само Албанците, туку и сите граѓани на нашата татковина“, наведе Пендаровски.

Апелира во времето на корона кризата да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, најблиските и целата заедница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири

Мицкоски на гробиштата во Кочани, запали свеќи за загинатите деца

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона