Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски на проштална средба со грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис

Пендаровски на проштална средба со грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, како и за потенцијалите и можностите за нивно продлабочување по потпишувањето на Ддоговорот од Преспа.

Република Северна Македонија, рекол претседателот Пендаровски на средбата, е посветена на натамошнен развој на билатералните односи со Република Грција во сите сфери од заемен интерес вклучувајќи ги и економската соработка и трговската размена, инфраструктурното поврзување, туризмот, образовната и културната соработка, во функција на градење добрососедство, засновано на меѓусебна доверба и разбирање.

„Според претседателот Пендаровски, двете земји со постигнувањето на договорот од Преспа, покрај перспективите за развој на билатералната соработка, дадоа влог и за севкупната стабилност и безбедност во регионот. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека по членството на Северна Македонија во НАТО, ќе продолжи поддршката од Грција во однос на аспирациите на земјата за членство во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Тој се заблагодарил за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорот Јанакакис како прв амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија и претходно како шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места