Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на виртуелна сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк

(Видео) Пендаровски се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, што започнува денеска – 15 септември 2020 година. Поради пандемијата на Ковид-19 оваа година сесијата се одвива виртуелно, без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Во петок, 18 септември 2020 година претседателот Пендаровски преку видео-порака ќе се обрати на состанокот на високо ниво „SDG Moment 2020“, на кој е предвидено да биде разгледан напредокот на реализацијата на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации на глобално и на регионално ниво, во контекст на пандемијата на КОВИД-19. Предвидено е на состанокот да се вклучат 20 шефови на држави и влади. Претседателот Пендаровски заедно со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор е еден од двајцата шефови на држави и официјален претставник на Источноевропската група кој ќе земе учество на овој висок состанок.

Во понеделник, 21 септември 2020 година, претседателот Пендаровски ќе се обрати на посебен настан на високо ниво, по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите Нации, што ќе се одржи на тема „Иднината што ја сакаме, Обединетите Нации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот“.

Претседателот Пендаровски во среда, 23 септември 2020 година преку видео-порака ќе се обрати на Генералната дебата во рамки на 75. Генерално Собрание на Обединетите Нации. Видео-пораката ќе биде емитувана во салата на Генералното Собрание на ОН, кадешто ќе бидат присутни претставници на секоја од земјите-членки. Темата на 75. сесија на Генералното Собрание на ОН е „Иднината што ја сакаме, Обединетите Нации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот – соочување со КОВИД-19 преку ефективна мултилатерална акција“.

Во четврток, 1 октомври 2020 година, претседателот Пендаровски ќе се обрати на состанокот на високо ниво по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените, што ќе се одржи на тема „Забрзување на реализацијата на родовата еднаквост и еманципирањето на сите жени и девојки“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка