Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Многу малку како држава одвојуваме за образованието

Пендаровски: Многу малку како држава одвојуваме за образованието
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Многу малку, недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието. Процентот по глава на жител во Европа покажува дека сме на дно, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на презентацијата на проектите реализирани во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE, на Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје.

Тој истакна дека одвојувањето на средства за истражување и развој е многу мало.

– Не постои држава која има задоволителн економски раст, а одвојува толку малку, како што ние како држава одвојуваме со децении за жал, во оваа област, рече претседателот.

Тој, во однос на проектите, изготвени од страна на студентите, истакна дека се „пионерски потфат“, на кој треба да се огледаат и другите Универзитети. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот