Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски: Мицкоски се согласи дека на земјата не ѝ е потребно членство во ЕЕЗ

(Видео) Пендаровски се обрати на состанокот на високо ниво по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените
Img 7972

 

Од кабинетот на претседателот Пендаровски, во врска со понудата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона (ЕЕЗ), денеска појаснуваат дека тоа било идеја која во Брисел циркулирала во октомври минатата година кога отварањето преговори за Македонија беше одложено заради усвојување на новата методологија.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ реагираше и јавно запраша зошто државниот врв ја одбил ваквата понуда, но претседателот објаснува дека тој и тогаш и сега смета дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа, а како што вели, тоа на 20 октомври 2019 година било прифатено на средба меѓу претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата.

„На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше поддржан ставот дека на Република Северна Македонија ѝ е потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција ѝ е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и вредности – владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права. Во таа насока, сите присутни заклучија дека не треба воопшто да се размислува за алтернативи, туку земјата треба да продолжи со засилено темпо за реализирање на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?