Утрински Весник
Македонија

Пендаровски кусо се сретнал со Бајден на Самитот за климатски промени

Пендаровски кусо се сретнал со Бајден на Самитот за климатски промени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски остварил куса средба со претседателот на САД, Џо Бајден, на  Самитот за климатски промени.

„На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

Пендаровски вчера на Самитот рече дека и покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции. Како земја кандидат за членство во ЕУ подготвена да почне преговори, додаде тој, Северна Македонија веќе го транспонира европското законодавство за климатски промени во своето национално законодавство.

Можете да прочитате

На Табановце приведен кумановец, во неговото возило пронајдени стари монети

Посмртнината за пензионерите зголемена на 40.000 денари

Ладен воздух од североисток ни носи силен ветер и температури до -10 степени