Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за воведување директна авио-линија Скопје-Сараево

Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за воведување директна авио-линија Скопје-Сараево
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба се сретна со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, кој престојува во посета на земјава.

Двајцата оценија дека двете држави имаат пријателски билатерални односи, без отворени прашања. Изразувајќи подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, претседателот Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за можноста за воспоставување на директна авионска линија помеѓу Скопје и Сараево, како и за можноста за отворање на Катедра за изучување на босанскиот јазик во Северна Македонија.

Истовремено, претседателот Пендаровски посочи на интересот на Република Северна Македонија за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена со Босна и Херцеговина, која, како што беше посочено на средбата, заостанува зад добрите политички односи.

На средбата соговорниците разменија мислења во однос на европските аспирации на двете држави. Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од нашата држава за европските аспирации на БиХ. Исто така, претседателот Пендаровски изрази и подготвеност за споделување на искуства во однос на НАТО интегративниот процес. Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните состојби во регионот.

Можете да прочитате

Врнежливо и студено до петок, на планините снег – викендот стабилизација на времето

Нино Васев бара обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот Онкологија

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности