Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски и Радев заедно ќе патуваат во Ватикан за манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Кабинетот на Пендаровски: Ставовите на претседателот за 27 април се кристално јасни
300x250 opst2

Претседателот Стево Пендаровски од утре, 26 мај, ќе престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Пендаровски за Рим ќе отпатува утре попладне, со државниот авион на Бугарија, заедно со претседателот Румен Радев, со кого претходно ќе имаат средба на Меѓународниот аеродром Скопје.

Предвидено е, по пристигнувањето во Рим, Пендаровски да има средба со претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Во четврток, 27 мај, Пендаровски, ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а ќе има средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Потоа, во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.

Во попладневните часови, Пендаровски заедно со Радев ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во состав на државно-црковната делегација, што ќе ја предводи претседателот Пендаровски, се министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за култура, Ирена Стефоска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Негово Високопреосвештенство, митрополит европски, г. Пимен, и отец Зоран Стојанов, парох во Радово и Декан на Деканатот на Св. Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија.

Можете да прочитате

Вмровци притискале, тогашната власт не попуштила: Кафулето на газдата на Пулс било пломбирано

Мицкоски на 11 Октомври: Оваа генерација ја има последната шанса, после кој нема поправен, ќе победиме за сите идни генерации

Јошевска Анастасовска: Неправедно обвинетите и нивните семејства стануваат нови жртви на системот