Утрински Весник
Економија

Пендаровски за „Еуростандард“: Да се овозможи обесштетување во корист на депонентите

Пендаровски за „Еуростандард“: Да се овозможи обесштетување во корист на депонентите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, за актуелните случувања во банкарскиот сектор во земјава.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го информираше претседателот Пендаровски за причините за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД и за активностите кои координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да започне во законските рокови, но и порано од тоа.

Соговорниците истакнаа дека е важно да се вложи максимум за поскоро отпочнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, и пред законски предвидениот рок од 20 дена.

Претседателот истакна дека е потребно сите надлежни институции да вложат максимални напори за решенија со кои ќе се овозможи обесштетувањето во корист на депонентите. Исто така тој изрази очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.

На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека е особено важно Народната банка и натаму да продолжи со успешно остварување на своите законски цели и задачи, давајќи клучен влог за успешна монетарна политика, за финансиската и макроекономската стабилност на земјава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна