Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот

Пендаровски-Ердоган: Турското собрание наскоро ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, во телефонски разговор му се заблагодари на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за помошта во медицинска опрема, скафандери, маски и тестови, додавајќи дека сојузништвото и солидарноста меѓу државите се важни во овие тешки денови кога на глобално ниво заеднички се справуваат со епидемијата на Ковид-19.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, истовремено, Пендаровски изрази солидарност и поддршка за Турција во напорите за справување со Ковид-19 со оглед на тоа дека Турција е меѓу десетте најпогодени земји со близу 40. 000 инфицирани и над 800 починати лица. Во тој контекст упати сочувство за починатите и посака скорешно закрепнување на заболените со Ковид-19.

Во врска со состојбата во земјава во справувањето со епидемијата на Ковид-19 и отстранувањето на последиците од неа, шефот на државата го информираше претседателот Ердоган дека ситуацијата е стабилна, меѓу останатото и заради фактот дека Северна Македонија меѓу првите земји во регионот ги започна активностите за справување со пандемијата.

-Во овој контекст, претседателот Пендаровски додаде дека државата се подготвува за предизвиците со кои се очекува да се соочи економијата по надминувањето на пандемијата, потенцирајќи ја притоа важноста на силните економски врски меѓу двете држави, се посочува во соопштението.

Двајцата претседатели изразиле задоволство од одличните билатерални односи, а претседателот Пендаровски му се заблагодарил на неговиот колега Ердоган за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција за остварување на една од нашите стратешки цели – членството во НАТО, каде досегашното партнерство ќе продолжи во нов контекст меѓу две членки на Алијансата. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност