Утрински Весник
Македонија

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за формирање влада

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за формирање влада

Претседателот на државата, Стево Пендаровски до петок на полноќ ќе го додели мандатот за составување на Влада. Пендаровски за ова прашање се консултирал со експерти, а заклучокот бил јасен, дека парламентот е конституиран на 4 август и дека тече 10-дневниот рок за доделување на мандатот.

Ваквата одлука е донесена и покрај тоа што поранешниот претседател на парламентот Талат Џафери вели дека парламентот не е констотутиран.

„Во врска со изјавите изнесени од претседавачот Талат Џафери во интервју на ТВ 21 информираме дека претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: за да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни опции“, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Џафери синоќа изјави дека „неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците”.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор