Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност изјави дека во овој момент не се размислува за полициски час во онаков облик каков што имавме пролетта.

„Гледам дека станува прашање се поприсутно во јавноста околу националниот локдаун кои некои држави го најавија и тоа луѓето го врзуваат со полицискиот час. Мораме да ги следиме прецизно обврските кои тие земји, Франција и Германија, ги најавија како први во Европа со тоа ниво на лимитирано движење. До овој момент во Европа не постои ниту една држава која на целата своја територија има воведено полициски час како што имавме ние пролетта. Дури и она што се нарекува национален локдаун во Франција и Германија се однесува на ограничено движење од регион во регон“, појасни Пендаровски.

Тој вели дека полициски час со забрана за излегување од домовите во овој момент никаде не е на сила, ниту се размислува да се воведе кај нас.

Пендаровски смета дека е заблуда мислењето дека ако ние не го направиме тоа, ќе поминеме полошо со пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Гази Баба се подготвува бетонско чудовиште – барајте од кандидатите нотарска изјава дека нема да го поддржат проектот вели Арсовска

ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, животниот стандард падна за 20%