Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Да се почитуваат вложениот труд и работничките права

Пендаровски: Заслуживме ново поглавје во остварувањето на стратешките цели
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод Меѓународниот ден на трудот во која порачува дека треба да се вредува вложениот труд и оти тешкиот удар врз економијата кој го нанесе пандемијата е причина повеќе да се работи на целосно почитување на работничките права.

– Денот на трудот, 1 Мај, годинава е под товарот на пандемијата предизвикана од ширењето на коронавирусот во глобални рамки. Но истовремено, овој ден не потсетува дека треба уште повеќе да го вреднуваме вложениот труд на сите коишто придонесуваат во нашето општество. Здравствените работници се деноноќно на своите работни места, како и припадниците на полицијата и армијата. Новинарите и медиумските работници, вработените во продажните и услужните дејности, комуналните работници секојдневно се ангажирани надвор од своите домови. За многумина, работните процеси за првпат се организирани на поинаков начин, вели Пенадровски. бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГП Евзони повторно блокиран – 24info.mk

ДУИ: Најостро го осудуваме нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци

СДСМ го исклучува Јован Деспотовски од членство во партијата