Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Границите нема да бидат никогаш затворени за лекови, енергенси и за животни намирници

Пендаровски: Нема потреба од вонредна или кризна состојба во моментов, Владата може да донесе дополнителни мерки

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Границите наши не се затворени. И да бидат тотално херметички затворени нема да бидат никогаш затворени ниту во време на војна за лекови, за енергенси и за продукти, животни продукти – намирници, така што нема никаква дилема, истакна вечерва претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

– Да спомнам стара една ситауција од 1992 и 1994 година. Двапати бевме блокирани од Грција. Целата јужна граница беше херметички затворена, не и за лекови. Беше за енергенси, но не и за лекови, додаде Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање. рп/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии

Концерт по повод денот на жената ќе се одржи во филхармонија

Хоџа: Одложен процесот за избор на директор на АЕК