Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на законот за попис

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението.

Oд Кабинетот на Пендаровски информираат дека указот бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија