Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Индија-Приоритетот ќе биде на политичкиот ангажман

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Индија-Приоритетот ќе биде на политичкиот ангажман

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Индија во Република Северна Македонија, Санџај Рана, со седиште во Софија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, Пендаровски нагласи дека Индија има особено значење заради ликот и делото на Мајка Тереза, која воспостави трајна и нераскинлива врска меѓу Скопје и Калкута, но и цврста врска меѓу двата народа.

Истакнувајќи дека пред двете земји со богато културно и историско наследство постојат големи можности за соработка како на билатерален, така и на мултилатерален план, Пендаровски изрази надеж дека во периодот што следи ќе се интензивира билатералниот политички дијалог преку реализација на меѓусебни посети.

Новоименуваниот амбасадор Санџај Рана го истакна високиот приоритет на Владата на Индија за понатамошен развој на билатералните односи и соработка со Северна Македонија. Во таа насока, тој информираше дека приоритетот ќе биде на развојот на подлабок политички ангажман, силна билатерална трговија и инвестиции, како и зајакната соработка во делот на технологијата и туризмот.

Можете да прочитате

Во Гази Баба се подготвува бетонско чудовиште – барајте од кандидатите нотарска изјава дека нема да го поддржат проектот вели Арсовска

ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, животниот стандард падна за 20%