Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Република Северна Македонија, како и за напредокот во клучните области.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето Европската Унија да ги валоризира севкупните напори на државата и да биде направен исчекор во однос на почетокот на пристапите преговори за членство, во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион. Во светло на последниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, двајцата соговорници разговараа и за односите меѓу двете земји, осврнувајќи се на напорите на португалското претседателство со ЕУ и можностите за надминување на отворените прашања во пресрет на претстојниот Совет за општи работи на Унијата.

Можете да прочитате

Собраќајот по наместа влажни коловози, нема задржувања на граничните премини

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Водици 2026 ни носи ладно и суво време со температури до -10 степени