Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Божик нека ни биде духовна поткрепа за надминување на кризата

Пендаровски: Божик нека ни биде духовна поткрепа за надминување на кризата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник – Божик, упати честитка до сите верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.

„Празникот на Христовото Раѓање секогаш асоцира на време поминато во прегратка на најблиските, среде топлината на нашите домови. Да ја испочитуваме традицијата и годинава да прославуваме во рамките на најтесното семејство, да избегнуваме движења, собирања и да придонесеме со своето одговорно однесување за запирање на ширењето на пандемијата на Ковид-19“, порача македонскиот претседател.

Тој воедно изрази надеж дека овој празник и неговото значење ќе бидат духовна поткрепа за надминување на кризата и за конечно враќање на нормалното секојдневие.

„Се надевам дека ќе успееме да ја зачуваме енергијата и светлината на божиќните празници преку целата година, останувајќи грижливи, солидарни и хумани, постојано имајќи добра мисла и дарувајќи љубов“, порача Пендаровски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт