Утрински Весник
Спорт

Пенг Шуаи се појави во друштво на Јао Минг

Пенг Шуаи се појави во друштво на Јао Минг
Dik 300x250 mk

Иако ВТА турнејата веќе ги „суспендираше“ сите турнири во Кина поради нејзината безбедност, тенисерката Пенг Шуаи се појави на . и фотографии во кои е во друштво на кошаркарската легенда Јао Минг на промотивна турнеја во Шангај.

Пенг е заедно со Јао и со уште две спортски легенди на Кина, поранешниот пинг-понгар Ванг Ликин, како и олимписката шампионка во едрење, Шу Лиџија.

Двократната гренд слем шампионка во двојки, Пенг стана центар на контроверзи и дипломатски инциденти, откако на кинеската социјална мрежа „Веибо“ објави обвинување дека била сексуално злоставувана од поранешниот кинески потпретседател Жанг Гаоли, објава која бргу беше избришана.

По ова, западните медиуми тврдеа дека таа е исчезната, а не ги убедија во спротивно ниту фотографиите и видеата кои се објавија на Пенг, како и разговорот кој со неа го водеше претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах. ВТА ги откажа сите турнири во Кина, барајќи да се исполнат одредени услови за тенисот да продолжи во земјата.

> Пенг Шуаи се појави во друштво на Јао Минг <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето