Пелистер ја забележа првата победа во финалната серија од кошаркарскиот плеј-оф против МЗТ Скопје Аеродром. Славеше на натпреварот број два на домашене терен со 82-79 во крајно неизвесен и комплетно различен меч од првиот со Скопје во кој доминираше МЗТ. Битолчани победија дури по дополнителнитеп ет минути, во регуларниот дел беше 70-70.
Серијата сега се сели во главниот град каде што во вторник ќе биде одигран третиот натпревар од финалето.
Пелистер беше поуспешен во првото полувреме, откако ја доби воведната четвртина со 20-15, а во втората беше подобар со 19-16 и на пауза отиде со позитива од осум поени. Бранителот на трофејот успеа да ја надомести оваа негатива со одличниот трет сегмент во кој беше поуспешен со 12-20. Во неизвесната последна четвртина двата тима наизменично беа во водство, драмата во финишот само ја потврди незивесноста што ја донесе оваа средба. Екипите на помалку од една минута ба израмнети на 70-70, а и двата тима пропуштија шанси за победа промашувајќи ги излегните прилики за поени.
Во дополнителните пет минути, Пелистер предводен од Бобан Стајиќ беше поуспешен, поприсебен и поконцетриран и успеа да слави значајна победа со која ја продолжи финалната серија. Малешевиќ постигна 20, Кесар заврши со 15, а Стајиќ додаде 14 поени за Пелистер, а кај МЗТ Војдан Стојановски реализира 16 поени.
> Пелистер ја доби супер драмата во Битола, израмни на 1-1 во финалето со МЗТ <