Утрински Весник
Спорт

Пелистер го намачи Ним, но на крајот си замина со пораз

Пелистер го намачи Ним, но на крајот си замина со пораз

Еурофарм Пелистер пружи фантастичен отпор на големиот фаворит, но на крајот загуби со 25:23 (13:12) на гостувањето кај францускиот Ним во седмото коло на Европската лига на ЕХФ.

Ним го заддржува првото место во групата Д со 11 поени, пред Пелистер со 8 и Спортинг Лисабон со 7 поени, иако португалскиот клуб има натпревар помалку. Ова беше прв пораз на тимот на Жељко Бабиќ по четири месеци.

Елмир Граѓан постигна 7 гола за македонскиот клуб, додека Табоада заврши со 5, додека кај францускиот клуб Мохамед Хишам беше најрасположен за игра со 10 гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

> Пелистер го намачи Ним, но на крајот си замина со пораз <

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Норвежанецот Бот олимписки шампион во биатлон

Победи за Шкендија и Тиквеш на стартот од вториот дел од МФЛ

Ставре Јада со прв настап на ЗОИ: Трката ја заврши на 89. место