Утрински Весник
Спорт

Пелистер ги „растури“ АЕК и влезе во осминафиналето на Европската лига

Пелистер ги „растури“ АЕК и влезе во осминафиналето на Европската лига

Пред расположената публика, Еурофарм Пелистер со фантастично второ полувреме стигна до огромна 30:19 (10:8) победа над АЕК Атина за да го потврдат пласманот во осминафиналето на Европската лига на ЕХФ како второпласирани зад лидерите Ним.

По релативно израмнетото прво полувреме, во второто тимот на Јосип Божиќ доминираше за да стигне до осминафиналето, каде што ги чека хрватскиот Нексе.

Стипе Мандалиниќ беше фантастичен со 7 постигнати голови, а по шест имаа Табоада и Божиќ-Павловиќ, додека за гостите од Грција, Патрик Тонијацо постигна 8 гола.

Фото: ЕХФ

> Пелистер ги „растури“ АЕК и влезе во осминафиналето на Европската лига <

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила