Бразилската фудбалска легенда Пеле се прости со својот стар пријател Диего Марадона, велејќи дека е жално да се загуби пријател на ваков начин.
Марадона почина во средата од срцев напад на само 60 години, по што аргентинскиот претседател Алберто Фернандез прогласи три дена национална жалост во земјата.
„Сигурно, еден ден ќе шутираме топка заедно на небото горе“, се вели во кратката објава на Пеле дадена до „Ројтерс“.
Иако во текот на годините ги разделуваше генерациски јаз, како и национален јаз во лутотот јужноамериканско ривалство Аргентина-Бразил, двајцата фудбалери подоцна во животот праќаа пријателски пораки еден кон друг.
Que notícia triste. Eu perdi um grande amigo e o mundo perdeu uma lenda. Ainda há muito a ser dito, mas por agora, que Deus dê força para os familiares. Um dia, eu espero que possamos jogar bola juntos no céu. pic.twitter.com/6Li76HTikA
— Pelé (@Pele) November 25, 2020
> Пеле се прости од Марадона: Еден ден на небо заедно ќе шутираме топка <