Утрински Весник
Спорт

Пеле излегува од интензивна нега – силен е и тврдоглав, вели ќерка му!

Пеле излегува од интензивна нега – силен е и тврдоглав, вели ќерка му!

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле во наредните ден или два ќе биде префрлен од интензивна нега на одделение додека се опоравува од операцијата на туморот на дебелото црево.

Неговата ќерка Кели Насименто на социјалните мрежи пишува дека 80-годишната фудбалска легенда е добро и не чувствува болки.

Пеле се лекува во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло уште од 31. август откако при рутинска контрола му бил дијагностициран тумор.

„Тој е силен и тврдоглав, па со поддршка и нега на брилијантен тим од болницата и со сета љубов и енергија од целиот свет, тој сето ова ќе го надмине“ наведува Насименто.

Во февруари синот на Пеле – Едињо изјави дека татко му се срами да излегува од домот затоа што не може самостојно да е движи.

Пеле е освојувач на три светски титули – во 1958, 62 и во 70-та година. Тој е најдобриот стрелец за Бразил со 77 гола на 92 натпревари.

View this post on Instagram

A post shared by Kely Nascimento (@iamkelynascimento)

> Пеле излегува од интензивна нега – силен е и тврдоглав, вели ќерка му! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина