Утрински Весник
Свет

Пекинг: САД да објават сè за биолошките лаборатории во Украина

Пекинг: САД да објават сè за биолошките лаборатории во Украина
Dik 300x250 mk

Кинеското Министерство за надворешни работи побара од САД да ги откријат сите информации во врска со биолошките лаборатории во Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџен.

Неговата изјава дојде откако руското Министерство за одбрана во неделата објави дека има докази за воено-биолошка програма развиена во Украина, која ја финансираат САД, пренесува „Спутник“.

„ Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ја разјасни својата активност по прашањето за биолошката милитаризација во земјата и во странство“, рече Лиџен.

Тој исто така изјави дека ова е само „врвот на ледениот брег“, бидејќи, според Пекинг, Америка контролира 335 биолошки лаборатории во 30 земји во светот.

„ Со својата политика на проширување на НАТО на исток, САД фрлија огромно дрво во огнот на украинската криза“, рече Лиџен.

Тој подвлече дека Кина отсекогаш верувала дека безбедноста на едната страна не може да се обезбеди на сметка на безбедноста на другите земји и дека регионалната безбедност не може да се обезбеди на сметка на проширувањето на воените блокови.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште