Утрински Весник
Свет

Пекинг е подготвен за контакти со новата влада на Авганистан

Пекинг е подготвен за контакти со новата влада на Авганистан

Кинеското министерство за надворешни работи денеска објави дека Пекинг е подготвен да одржува комуникација со новата влада на Авганистан и нејзините лидери, пренесуваат медиумите во светот.

Покрај тоа, Кина смета дека привремената влада на Авганистан е неопходен чекор во воспоставувањето на редот во земјата, објавија тие.

Портпаролот на министерството Ванг Венбин овие коментари ги дал по прашањето дали Пекинг ќе ја признае новата влада на Авганистан.

Официјалниот претставник додаде дека Кина го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Авганистан.

Талибанците вчера објавија нова влада, составена само од мажи, а меѓу нив, според анализите на познавачите, има луѓе поврзани со нападите врз американските војници, поради што САД изразија загриженост.

Можете да прочитате

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија

Претседателот на Иран потенцираше дека секој напад врз врховниот лидер е објава на војна

Телефонски разговор Руте – Трамп