Утрински Весник
Свет

Пекинг ги продолжува корона мерките : Работниците и студентите да останат дома, бројот на заразени расте

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за работниците и студентите да останат дома и нареди дополнителни масовни тестови бидејќи бројот на случаи на коронавирус во кинескиот главен град повторно се зголеми, пренесуваат светските агенции.

Бројни станбени населби во градот го ограничија влезот и излезот, иако ситуацијата е многу помалку опасна отколку во Шангај, каде неколку милиони жители се под различни степени на локаут веќе два месеци.
Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи.

Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта. И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината политика „нулта ковид“, иако остатокот од светот се отвора се повеќе и повеќе, пишуваат медиумите.

Шангај објави дека 480.000 луѓе сè уште се изолирани во своите домови, додека 1,6 милиони луѓе можат да се движат низ нивното соседство, а 21,2 милиони се под полесни рестриктивни мерки.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари