Утрински Весник
Спорт

Педро може да ја продолжи кариерата во Валенсија

Педро го напушта Челзи, сонува да се врати на „Камп ноу“
Dik 300x250 mk

Лондон, 16 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Челси, Педро е близу до преселба во Валенсија, пренесува „Sport.es“.

Според изворот, 32-годишниот Шпанец претходно можеше да замине во Рома, но раководството на италијанскиот клуб одлучи да не презема никаква акција околу овој трансфер.

Се известува дека Валенсија има намера да ја искористи шансата и да го придобие фудбалерот чиј договор со Челси важи до крајот на јуни годинава.

Во сезоната 2019/20, Педро одигра 18 натпревари за Челси, постигна два гола и направи три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс