Утрински Весник
Спорт

Педро: Имам многу понуди, немам разговарано со Челзи за нов договор

Педро го напушта Челзи, сонува да се врати на „Камп ноу“

Лондон, 3 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Челси, Педро, чиј договор истекува ова лето, зборуваше за изгледите за останување во клубот.

– Ситуацијата со коронавирусот влијае на сè, па сега чекам средба со раководството на Челзи. Знам дека договорот истекува, но сè уште не разговаравме дали ќе биде продолжен. Со нетрпение очекувам да го видам ставот на клубот, но и отворен сум за други предлози. Во меѓувреме, имам за цел да го исполнам договорот до крај.

Имам многу понуди од различни места и ќе размислам што да правам следно. Вистината е, не знам што ќе се случи следно, изјави Педро.

Претходно беше објавено дека 32-годишниот Шпанец може да оди во Рома. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони