Утрински Весник
Спорт

Педри ќе добие нов договор

Педри ќе добие нов договор
Dik 300x250 mk

Џоан Лапорта и неговиот тим, во летниот преоден рок имаат желба да потпишат нов договор со Педри. Во сенка на преговорите со Лионел Меси и желбата во клубот да остане Усман Дембеле, челниците на Барселона сакаат долгорочно да го задржат Педи на „Ноу Камп“.

Барселона, за Педри, во јануари минатата година на Лас Палмас им платија пет милиони евра. Педри со Барселона има договор на две плус две години.

Добрата форма што ја покажува од почетокот на сезоната ги натера челниците на Барселона да размислуваат за нов договор, во кој откупната клаузула би била 400 милиони евра.

Педри е човек од доверба на Роналд Куман, во Ла Лига има одиграно 29, а во Лигата на шампионите седум натпревари.

> Педри ќе добие нов договор <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето