Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Педри е новото „Златно момче“

Педри е новото „Златно момче“
Img 7972

Фудбалерот на Барселона Педри е новото „Златно момче“ на светскиот фудбал. Оваа награда традиционално ја доделува „Тутоспорт“, а гласата новинарите на „Билд“, „Екип“ и „Марка“.

Педри на пиедесталот го наследи Ерлинг Халанд. Во минатото оваа награда ја добивале Вејн Руни, Лео Меси, Кун Агуеро, Пол Погба, Килијан Мбапе, Жоао Феликс.

Педри за ри дена ќе наполни 19 години.

Тинејџерот, во Барселона пристигна од Лас Палмас во 2020 година за сума од пет милиони евра. Тогашниот тренер Роналд Куман го препозна неговиот талент и веднаш му даде шанса во првиот тим.

Неговиот пример го следеше и шпанскиот селектор Луис Енрике. Педри во март, против Грција дебитираше за Шпанија. Тој беше еден од главните играчи на Шпанија на Европското првенство.

За само една година, Педри, одигра преку 70 натпревари за клубот и репрезентацијата. Цехот го плати со повредата, поради која ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Неодамна тој потпиша нов договор со Барселона, откупната клаузула во договорот изнесува 1.000.000.000 евра.

> Педри е новото „Златно момче“ <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025