Утрински Весник
Свет

Педофил патувал од едниот до другиот брег на САД за да киднапира девојче

Педофил патувал од едниот до другиот брег на САД за да киднапира девојче

Педофил од американската држава Вирџинија е обвинет за киднапирање на 12-годишно девојче. Според Си-eн-eн, 40-годишниот Нејтан Даниел Ларсон моментално е во затвор во Денвер, а шерифот од округот Фресно изјавил дека тој управувал со веб-страница која охрабрува силување деца и објавување на такви фотографии и снимки.

Ларсон се запознал со 12-годишното девојче кое живее на округот Фресно преку социјалните мрежи во октомври, а за време на два месеци манипулација, тој ја убедил да му испрати свои разголени фотографии. Минатата недела летал кон Фресно и го убедил девојчето да се прикраде од куќата околу 2 часот по полноќ, а потоа повикал такси со кое стигнале до аеродромот.

Ларсон му ставил перика на девојчето и му речол да се однесува како да е немо, за да не разговара со никого.
Полицијата подоцна тој ден објави дека девојчето го нема, а кога детективите дознале дека киднаперот и девојчето се качиле во авион за Вашингтон со трансфер во Денвер, тие контактирале со тамошните власти и побарале да го проверат Ларсон. Полицијата во Денвер го уапси киднаперот, а агентите на ФБИ го спасија девојчето коешто не е повредено.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија