Утрински Весник
Свет

Пашињан: Непријателот изгуби многу луѓе, но исто и ние

Пашињан: Непријателот изгуби многу луѓе, но исто и ние

Продолжуваат судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Ноќта во зоната на судирите помина во релативно стабилна напнатост.

Завојуваните страни и натаму се обвинуваат за избивање на судирите, а примирјето е се уште само на хартија, наспроти сите апели на светските сили да се стави крај на војната.

Непризнатата Република Нагорно-Карабах изгуби многу војници за време на борбите во регионот, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашињан во обраќање до нацијата.

„ За време на првата недела од воената акција, непријателот не успеа да постигне стратешки успех, дури и наспроти тоа што немаа проблеми со снабдување со оружје и луѓе, додека Арчак ( Нагорно-Карабах) и Ерменија ефикасно делуваа за време на блокадите“ рекол тој, пренесе ТАСС.

Тој нагласил дека за време на овој период непријателот изгубил огромен број воени возила и луѓе, но некои од нив биле и платеници, терористи.

„ За жал и нашите загуби се огромни“ истакнал Пашињан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок