Утрински Весник
Свет

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција
Dik 300x250 mk

Претседателката на Управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал откако по грешка му било вбризгано дезинфекциско средство.

Во хрватската јавност кружеа разни информации за тоа како починал 62-годишен пациент за време на рутинска хемодијализа.

Болницата прво објави дека е инјектирана погрешна супстанција, додека подоцна управникот на болницата, д-р Томислав Новинчак, рече дека медицинскиот пепарат на пациентот му бил даден интравенски наместо локално.

Запрашан како е можно да се случила таква грешка, д-р Тошиќ-Грлач вели дека дезинфициенсот во болниците е вообичаено средство кое се наоѓа на количките на медицинските сестри.

„Грешката е можна и, за жал, се случи“, рече таа, пренесува порталот „Индекс“.

Таа додаде дека професионално ќе се спроведе интерен надзор и дека се земени изјавите на учесниците во инцидентот.

„Сè ќе се анализира, внатрешната комисија повторно ќе разговара со сите и ќе донесе мислење, а потоа ќе дојде инспекцијата на Министерството“, рече д-р Тошиќ-Грлач.

„Денес полицијата и Државното обвинителство беа во болница и ги интересира што се случи и чија е вината. Тие земаа и документација”, вели Тошиќ-Грлач.

Телото на 62-годишникот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминологија во Загреб, каде што треба да се утврди од што точно починал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени