Утрински Весник
Македонија

Пациентот во ГОБ „8 Септември“, кој беше тргнат од респиратор, е во добра здравствена состојба

Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пацинети со Ковид-19
Dik 300x250 mk

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Триесет и седумгодишниот пациент со Ковид-19, кој вчера беше тргнат од респираторна машина во Градската општа болница „8 Септември“, е во добра здравствена состојба, изјави за МИА директорот на болницата, Христијан Костов.

Од почетокот на епидемијата, досега, ова е прв пациент од државава, кој поради влошена здравствена состојба 12 дена бил на респиратор, а сега веќе нема потреба од таква асистенција.

– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на Оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови, рече д-р Костов.

Посочи дека имаат уште тројца пациенти со Ковид-19, кои се на респираторна машина и на кои им даваат терапија со озон. Засега, додаде д-р Костов, тие не даваат знаци дека може да бидат тргнати од респиратор. рп/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември