Утрински Весник
Македонија

Пациенти со онколошки заболувања ќе примат терапија во блиските болници

МЗ: Денеска е крајниот рок за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во ПЗЗ во ЗД
Dik 300x250 mk

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Во иднина пациенти со онколошки заболувања нема да мораат да доаѓаат во Клиниката за онкологија за да примат терапија, туку тоа ќе можат да го сторат во најблиската болница.

-Министерството за здравство работи на протокол за дистрибуција на терапија за пациенти со онколошки заболувања. Тој протокол утре треба го финализираме со директорот и стручниот колегиум на Клиниката за онкологија, во однос на тоа, кои пациенти ќе можат да ја примат терапијата надвор од Клиниката, за да не патуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека протоколот го подготвиле во Министерството за здравство независно од тоа што на оваа клиника има двајца здравствени работници заразени со Ковид-19.

-Двајцата работници, но тие не се врзани со пациентите и на клиниката работата се одвива во најдобар ред, нема рестрикции, ниту посебен протокол, рече министерот.

Во однос на новозаболената докторка на Интерното одделение во Кочани, министерот рече дека е направена анкета и оти нема позитивни пациенти во нејзина близина.

-Сомнежот е дека е инфицирана на друго место. Разговарав со директорот на болницата во Кочани и сите пациенти со хронични заболувања можат да одат на домашно лекување. Ќе се реорганзира работата и тој процес е во тек, рече минситерот Филипче. ир/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре