Утрински Весник
Македонија

Пациентите на домашно лекување со два негативни теста се сметаат за излекувани

Филипче: Технички може да се промени епидемиолошката анкета, добро е што на пунктовите има многу малку позитивни случаи

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – За пациентите на домашно лекување важи истиот алгоритам како и за хоспитализираните, односно и тие треба да имаат два негативни теста за да се сметаат за излекувани, нагласи министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, Филипче рече дека овие пациенти се во постојана комуникација со матичните лекари и оти како поминува периодот, согласно нивната здравствена состојба, ќе се прават тестовите.

– За секој пациент без разлика дали се наоѓа во домашни или во болнички услови важи истиот алгоритам да се направат два негативни теста. Значи, истото што важи за хоспитализираните пациенти, важи и за оние на домашно лекување. Согласно достапноста и местото на живеење, ќе се организираат брисевите за да се докаже дали овие пациенти се негативни или се уште се носители на вирусот, појасни Филипче.

За асматичарите апелираше за се што е потребно да се консултираат со матичните лекари, а во однос на тоа дали постои сличност меѓу симптомите на астма и коронавирусот, појасни дека има сериозна разлика меѓу двете болести односно оти за КОВИД 19 карактеристична е фебрилната состојба и сувата кашлица. Сепак, повика на внимателност и да се користи можноста за консултација со матичниот лекар во кое било време. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј