Утрински Весник
Свет

Пахор: Интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на словенечкото претседателство со ЕУ

Пахор: Интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на словенечкото претседателство со ЕУ
Dik 300x250 mk

Интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на претседателството на Словенија со Советот на ЕУ, рече словенечкиот претседател Борут Пахор за време на состанокот со црногорскиот министер за одбрана Оливер Инјац, додавајќи дека Црна Гора може да смета на политичката и експертска помош на Словенија, известуваат медиумите во регионот.

Како што е наведено, Пахор оценил дека традиционално добрососедските односи меѓу двете земји се засноваат на интензивен политички дијалог, заеднички вредности и значајна соработка во бројни области.

„Тој исто така го посочи очекувањето преговорите на Црна Гора со ЕУ да продолжат со побрзо темпо и Црна Гора да стане првата следна членка на Унијата. Во тој контекст, тој истакна дека интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на нивното претседателствување, додавајќи дека можеме да сметаме на политичката и експертска помош на Словенија “, се вели во соопштението од црногорските власти.

Истовремено биле поздравени планираните приоритетни цели на Република Словенија за време на претстојното претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе започне во јуни 2021 година.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп