Утрински Весник
Спорт

Пау Гасол: Би сакал да ја завршам кариерата во Лејкерс или Барселона

Гасол го пропушта Светското во Кина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 10 јуни 2020 (МИА) – Шпанскиот центар Пау Гасол има желба кариерата да ја заврши во Лејкерс или во родниот град Барселона.

– Ако сè е во ред со ногата, јас имам намера да одиграм уште една сезона или во НБА или во Европа. Последната сезона на Лејкерс или крајот на кариерата во Барселона звучи привлечно, но треба да ги погледнете реалните можности и каква состојба ќе биде најдобра за тековните околности, изјави Гасол.

Јас се чувствувам добро. Имав повеќе време да закрепнам. Кога ќе започнам да трчам и да скокам, ќе имам многу повеќе информации за тоа дали можам да играм повторно на професионално ниво, додава шпанскиот кошаркар.

Последен клуб на Гасол беше Милвоки, а претходно играше за Сан Антонио, Чикаго, ЛА лејкерс, Мемфис и Барселона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028