Утрински Весник
Свет

Патник на лет до Мајами ја отворил вратата од авионот и отишол до крилото

Патник на лет до Мајами  ја отворил вратата  од авионот и отишол до крилото

Патник на летот на „Американ Ерлајнс“ кој слета на меѓународниот аеродром во Мајами ја отвори вратата за итни случаи и отиде до крилото на авионот.

Инцидентот се случил во средата вечерта кога авионот од летот „920“ слета на аеродромот, пишуваат агенциите.

“Полицајците веднаш го уапсија човекот. Им благодариме на членовите на нашиот тим и полицијата за нивната професионалност и брза реакција”, се вели во соопштението на авионската компанија.

Надлежните објавија дека немало одложувања поради инцидентот и дека сите други патници во авионот можеле да се симнат од авионот без никакви проблеми. Засега нема информации за причината поради која патникот ја отворил вратата за итни случаи.

Можете да прочитате

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта

САД планираат инвазија на специјални сили за одземање на иранскиот ураниум?