Утрински Весник
Македонија

Патиштата влажни, да се вози внимателно  

Сообраќајот по влажни коловози, можни одрони низ котлините и клисурите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини, информира АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека се затворени сите гранични премини за излез и влез во државата, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и лицата со соодветна дозвола од МВР. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗС апелира до угостителите да внимаваат на максимален број гости и функционални излези за безбедни прослави

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите