Утрински Весник
Спорт

Пасторе е пред трансфер во Америка

Бекам го носи Пасторе во Мајами

Рим, 27 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе е близу до промена на клубот, објави италијанскиот новинар Николо Скира.

Според него, два клуба од американската МЛС се заинтересирани за 31-годишниот Аргентинец. Станува збор за Интер Мајами и Лос Анџелес галакси.

За потсетување, Пасторе веќе одби две профитабилни понуди од Кина. Рома за фудбалерот бара 10 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Пасторе настапи на 14 натпревари за „римската волчица“. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина