Утрински Весник
Магазин

Партнерката на Џеф Безос пораснала во сиромаштија, а сега тежи 30 милиони долари

Партнерката  на Џеф Безос пораснала во сиромаштија, а сега тежи 30 милиони долари

Главна вест на светските шоу-биз медиуми во 2019 година беше разводот на тогаш најбогатиот човек на светот, Џеф Безос . Ова се случи пред Илон Маск да ја презеде оваа титула од основачот на „Амазон“.

Причината за разводот беше љубовта меѓу Безос (57) и Лорен Санчез (51).

Која е Лорен Санчез? И покрај дислексијата, Санчез одлучи својата кариера да ја гради на телевизија.

„Немавме ништо. Спиев на задното седиште од автомобилот на баба ми додека таа чистеше куќи и фантазирав за својата кариера“, изјави таа во едно интервју за „Холивуд репортер“.

Лорен се сврши пет пати. Со нејзиниот поранешен свршеник Ентони Гонзалес го има синот Ник (20), а со единствениот сопруг Патрик Вајтсел има две деца: Евана (15) и Елинор Патрисиј (13).

Како голем вљубеник во воздухопловството, познатата репортерка успешно ја заврши обуката и доби пилотска дозвола. Претходно откри дека авионската несреќа на нејзината мајка ја поттикнала да го стори тоа.

„Ако ви снема гориво, ако моторите престанат да работат, се спуштате. Како и во животот. Сè е добро ако сè оди според нашиот план, но кога работите ќе тргнат надолу, се прашувате дали ќе го преживеете тоа“, изјави таа во едно интервју.

 

Со напорна работа низ годините, ТВ-водителката стигна до сума од 30 милиони долари на својата банкарска сметка, пренесуваат таблоидите.

Лорен ја одржува убавината со ботокс, филери за усни и импланти во градите, а нејзината неодамнешна реакција на Леонардо ди Каприо ја насмеа јавноста.

Првиот човек на „Амазон“, кој со своите 177 милијарди долари е еден од најбогатите луѓе на планетава и неговата свршеница Лорен се поздравија со Леонардо на една свеченост во Лос Анџелес. Видеото во кое Лорен, иако го држи Безос за рака, воодушевено гледа во Леонардо, го обиколи светот и собра автентични коментари.

„Бадијала ти се милијардите, не си Ди Каприо“. „Мислам дека Лео набрзо ќе замине во вселената“… беа некои од твитовите по запознавањето на Лорен со холивудскиот актер.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста